Почина славната спикерка Бранка Станковска

Почина доајенот на македонското спикерство Бранка Станковска, која генерации гледачи на Радио-телевизија Скопје ја паметат како прва спикерка и водителка на вестите.

„Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука, па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец, дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сè уште може да се слушне нејзиниот глас на радиопрограмите. ТОЧНО Е 12:00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!” , објави на Facebook нејзината внука Ирина Костовска.

Бранка Станковска е родена во Скопје на 30 април 1931 и е позната како врвен радио и телевизиски спикер и водител. Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987).

Remote video URL

Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.

Извор: Макфакс

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Филм & ТВ

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Оскаровците мора да почитуваат едно правило или Академијата би можела да ги тужи

Read more

Чак Норис наполни 84 години - како изгледа денес?

Read more
 

Сцена

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Читај повеќе

Оскаровците мора да почитуваат едно правило или Академијата би можела да ги тужи

Читај повеќе

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Читај повеќе
  • play_arrow

Чак Норис наполни 84 години - како изгледа денес?

Читај повеќе
  • play_arrow

Не сме ние стари, времето лета: 30 филмови што полнат 30 години во 2024

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе