Почна да работи најмоќната приливна турбина во светот

Приливната турбина која се смета за најмоќна во светот, започна со работа и е поврзана со мрежата во Оркни, архипелаг на североисточниот брег на Шкотска.

Приливните турбини ја користат кинетичката енергија на океанските струења поради плимата, слично на ветерните турбини кои ја користат енергијата на ветерот. Приливните турбини имаат најдобар степен на корисно дејство при приливни струења помеѓу 4 и 5.5 mph.

Приливната турбина О2 на Orbital Marine Power е закотвена на локацијата Fall of Warness, каде подводен кабел ја поврзува оваа единица од 2 мегавати со копнената локална електрична мрежа.

Приливната турбина, позната и како плимна турбина, започна да работи или произведува „чиста енергија“ во време кога индустриските лидери бараат поддршка од владата за да ѝ помогнат на плимната индустрија комерцијално да се развива.

Оваа турбина може да обезбеди електрична енергија за 2.000 домаќинства годишно.

Голема турбина, направена да трае

Турбината има систем „ gullwing“ на преклопни делови што се движат како крилја на галеб, исто како вратата на легендарниот Mercedes SL 300. Овој подвижен систем е дизајниран за да може подводните делови на конструкцијата и пропелерите да се подигнат од морето со цел лесно одржување и можни поправки.

Секоја турбина има ротор со дијаметар од 20 метри кој може да ротира за целосни 360 степени. Ова ѝ дава на турбината комбинирана површина на роторот од 600 квадратни метри, најголема досега на која било приливна турбина.

Оваа иновација треба да ѝ овозможи на турбината да генерира енергија без потреба целата турбина да го смени правецот во зависност од појавата на плимата и осеката. Исто така, ќе овозможи безбедна, динамична контрола на роторите што ќе црпат енергија од различни насоки, без вртење на платформата.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе