Почна Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски“

Над 60 издавачки куќи од земјава, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија ќе се претстават на годинашното 34-то издание на Саемот на книга што се одржува во арената „Борис Трајковски“ од денеска до 9 мај.

Фокусот годинава е ставен на детската литература односно на привлекување на најмладите читатели.

На Саемот оваа година ќе се реализираат средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти. Сите значајни издавачки куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година.

Освен редовниот термин на одржување, годинава се враќаат и групните посети за учениците од средните и основните училишта. За време на Саемот ќе бидат организирани и работилници и промоции на нови изданија за деца.

По повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, на Саемот ќе се одржи промотивен настан насловен „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!”, на кој че биде даден осврт на најзначајните творци на македонската книжевност Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев.

Во седумте саемски денови ќе се одржат повеќе од 30 промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар, а ќе има гостувања и на странски автори.

Ќе бидат доделени и наградите на Македонска Асоцијација на издавачи (МАИ).

Значајно претставување оваа година ќе има Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар „Јунус Емре”. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со уметници и автори од оваа земја.

Електронските билети за Саемот можат да се купат преку веб страницата „www.karti.com.mk“, а влезници можат да се купат и на билетарата на арена „Борис Трајковски“.

Саемот на книга е под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе