Почнаа домашните фудбалски возбудувања: Видео-преглед на првата и втората лига

Филип Здравески
/ 17.02.2025 / 20:03

Заврши зимската пауза за домашните прволигаши и второлигаши. Во прилог, видео-преглед на постигнатите резултати.

Поздрав на капитените на Работнички и Шкупи; Фото: ФК Шкупи Скопје

Во првата лига стрелците не беа многу расположени. Половина час игра мрежите мируваа на сите шест натпревари, а потоа беа постигнати едвај 10 голови од кои 3 од белата точка. Во просек се постигнаа 1,666 голови по натпревар, што е навистина лош просек, но имаме разбирање со оглед на тоа што ова се први натпревари по двомесечната пауза.

Резултати од 19. коло:

Стадион „Борис Трајковски“ во Скопје
Гостивар – Струга 1:0 (0:0)
Стрелци: 90'+5 (п) Алпер Потук
Црвен картон: 67' Хамза Меметриза (С)
Судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Стадион „Петар Милошевски“ во Битола
Пелистер – Брера Струмица 0:0
Судија: Доне Ристовски (Гевгелија)

Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи – Работнички 2:0 (1:0)
Стрелци: 29’ Емануел Аворнуо, 75’ Демир Имери
Судија: Фуркан Идризи (Тетово)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс – Тиквеш 1:1 (1:0)
Стрелци: 30’ Ади Алиќ – 78’ (п) Берат Садик
Судија: Влатко Илиоски (Прилеп)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје
Вардар – Шкендија 1:2 (0:0)
Стрелци: 67’ (п) Горан Закариќ – 54’ Бесарт Ибраими, 76’ Фабрис Тамба
Судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид
Воска Спорт – Беса 1976 2:0 (0:0)
Стрелци: 73’ Марко Жуљ, 78’ Осеи Клинтон
Црвен картон: 90’ Арменд Алими (Б)
Судија: Јован Качевски (Струга)

Хајлајтс од сите натпревари:
Remote video URL
Табела:

Второлигашите всушност беа тие што ја кренаа завесата оти нивните натпревари беа во саботата. Тие забележаа уште полош просек постигнувајќи исто така 10 голови, но на 8 натпревари, што е 1,25 по натпревар. Кон малиот број на голови придонесе фактор што два натпревара беа без голови (оние во Новаци и Прилеп), а на три имаше само по еден гол.

Колото го обележа необичниот 15-минутен прекин во Куманово каде пукна цевка и почна да го поплавува теренот, но и тоа што стрелецот на голот за Башкими потоа во последната минута си постигна ефектен автогол.

Remote video URL
Резултати од 16. коло:

Стадион „Цвај“ во Неготино
Вардар (Н) – Осогово 1:0 (1:0)
Стрелци: 45′ Давид Спасов
Судија: Бенјамин Ќерими (Скопје)

Стадион „Градски“ во Богданци
Вардарски – Скопје 0:3 (0:2)
Стрелци: 20′ Ерион Шуку, 36′ Петар Алексовски, 84′ Борјан Наков
Судија: Ангелчо Ристов (Неготино)

Стадион „Кукуш“ во Турново
Саса – Кожуф 1:1 (0:0)
Стрелци: 84′ Давид Голубов – 90'+1 Сашо Дуков
Судија: Александар Грујоски (Кичево)

Стадион „Новаци“ во Новаци
Новаци – Дет. Плачковица 0:0
Судија: Ивана Пројковска (Скопје)

Стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп
Победа – Брегалница 0:0
Главен судија: Александар Василевски (Скопје)

Стадион „Башкими“ во Куманово
Башкими 1947 – Борец 1:1 (0:0)
Стрелци: 83′ Христијан Митревски – 90'+15 (аг) Христијан Митревски
Судија: Благојче Ралевски (Битола)

Стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид
Охрид Лихнидос – Македонија ЃП 0:1 (0:0)
Стрелци: 76′ Кире Маркоски
Судија: Пларент Салихи (Тетово)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица – Арсими 0:1 (0:0)
Стрелци: 62′ Арлинд Алити
Судија: Фатмир Бафто (Охрид)

Хајлајтс од 6 натпревари:
Remote video URL

Автоголот на Башкими (го нема во севкупниот хајлајтс):

Табела:
Тагови
реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Фудбал

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Read more

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Read more
 

Спорт

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсеј го смени препознатливото лого, навивачите гневни

Читај повеќе
  • filter

Невиден подвиг: Има клуб кој штотуку стигна до својата 100-та последователна победа

Читај повеќе

Донарума проговори за прв пат по Зеница: Ме повредија лагите што излегоа во јавност

Читај повеќе