Почнува Скопје Синема Сити 2022

Со изложбата на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ, вечерва, 26 јуни, во галеријата на Културно информативниот центар (КИЦ), со почеток во 20 часот, ќе биде означен стартот на 8. издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити.

Неговата изложба насловена како „They Long For the Light of Your Touch” се состои од фотографии од бројните концерти на Ник Кејв во Белгрaд, Загреб и Нови Сад во изминатите неколку години и ќе биде премиерно поставена во регионот.

Артист во фокус на фестивалот е славниот музичар, пејач, поет, изведувач Ник Кејв и на 30  јуни, во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека на РСМ, фестивалот ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“  на Јан Фoрсајт и Џејн Полард.

Земја во фокус за оваа година е Србија и во селекција на Сандра Ранчиќ директорката на фестивалот Докенритам од Белград на 1 јули ќе бидат прикажани 4 филмови кои освоиле награди на овој фестивал. Во рамките на оваа програма ќе бидат прикажани филмовите „Победниците се досадни,“ „Најважниот дечко на светот,“ „Репетитор“ и „Викторија.“

На 2 јули ќе бидат прикажани филмови од џез и блуз рок жанрот и ќе бидат прикажани филмовите за џез дивата Ела Фицџералд „Една од оние работи“ која се смета за најдобрата џез пејачка на сите времиња. Преку бројни сведоштва и концертни снимки, филмот го прикажува нејзиниот живот од сирак па до најголемата џез ѕвезда. Истата вечер ќе биде прикажан филмот за Рони Вуд, членот на Ролинг Стоунси, чија бурна кариера го сместува со средиштето на музичката револуција во Британија во 60-тите, а потоа и со Стоунс до ден-денес.

На 4 јули, фестивалот ќе направи ретроспектива на македонскиот режисер Јане Алтипармаков и ќе бидат прикажани неколку негови кратки и долгометражни филмови „Гето 103“ „Бадминтонс“ „Фолтин се јави“ i „The Hip- Reality Overdrive.”

Завршната вечер е посветена на електронската музика со филмот „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок.“ „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби каде на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите успони и падови во една богата кариера.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје. Изложбата ќе се отвори во 20 часот, додека проекциите во летното кино во Кинотека ќе започнуваат во 20 часот. Автор на дизајнот е на Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот „Скопје Синема Сити“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Северна Македонија, Културно Информативниот Центар, ПР агенција Навигаторс и „Спона“ центарот за култура на Србите во Македонија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе