АТП ВИМБЛДОН 2024

Почнува Вимблдон: Ѓоковиќ ја брани честа на старата гарда, Синер и Алкарас фаворити

Вимблдон, најголемиот турнир во светот на тенисот, ќе започне денеска, а овогодинешното издание ќе биде 137. по ред.

Третиот грен слем турнир во сезоната ни гарантира многу возбудувања, пред сѐ затоа што првиот фаворит за негово освојување не се вика Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ, моментално вториот тенисер во светот, неодамна имаше операција на десното колено и неговиот настап на Вимблдон беше под знак прашалник, но на крајот реши да игра, а ќе го гледаме во првото коло во мечот против чешкиот квалификант Вит Коприва.

„Секогаш имам неверојатна желба да играм. Самата помисла да го пропуштам Вимблдон не ми се чинеше како што треба“, изјави Ѓоковиќ, кој со триумф може да стигне до рекордната 25-та Грен слем титула и да го израмни рекордот од 8 Вимблдони што го држи Роџер Федерер.

Исто така, доколку 37-годишниот Србин слави во финалето на 14 јули, ќе стане најстариот победник на Вимблдон во историјата.

Воедно, Ѓоковиќ ќе ја брани честа на старата гарда, односно тенисерите кои ги одбележаа изминатите 20 години натпреварување на Вимблдон.

Федерер е во пензија, Рафаел Надал го пропушта турнирот поради повреда, додека Енди Мареј последен пат во кариерата ќе игра на Вимблдон и до него доаѓа со цел да победи барем на еден меч, па доколку Ѓоковиќ не направи сензација, многу е сигурно дека за првпат по 2002 година нема да видиме еден од тенисерите на големата четворка во финалето.

Први фаворити годинава се најдобриот светски тенисер Јаник Синер и третопласираниот на АТП листата и бранител на титулата на Вимблдон, Шпанецот Карлос Алкарас. Интересно, двајцата ги освоија првите два Грен слем турнири сезонава. Синер го освои Австралија опен, а Алкарас Ролан Гарос.

Заедно со нив двајца и Ѓоковиќ, за освојување на Вимблдон сонуваат и Даниил Медведев, Александер Зверев и Андреј Рубљов.

Што се однесува до женскиот дел од турнирот, апсолутен фаворит е Полјакинката Ига Швјонтек. Најдобрата светска тенисерка го освои Ролан Гарос, а на Вимблдон доаѓа со серија од 19 последователни победи.

Шансите за титула на Полкинката ѝ се уште поголеми поради повредата на Арина Сабаленка, која во првото коло треба да игра против Емина Бекташ, но таа изјави дека воопшто не е сигурна дека ќе се појави на теренот.

Што се однесува до македонските тенисери, ниту годинава нема да имаме претставник откако во квалификациите учествуваше само Лина Ѓорческа, која на двапат со 7-6 загуби од Американката Саша Викери уште во првото коло.

реклама

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Еден Азар под истрага

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Зошто BMW е поотпорен на кризата од другите германски автомобилски гиганти?

Read more

Тенис

Скандал на Индијан Велс: Ренкер недолично ја допре Рибакина

Read more

Ѓоковиќ брка рекорд на Федерер: Во мене уште гори тој оган

Read more

Вимблдон удри контра Ѓоковиќ

Read more

L'Équipe: Ѓоковиќ одбегнува да даде одговор

Read more
 

Спорт

Еден Азар под истрага

Читај повеќе

Дали на Трамп ќе му биде забрането да дојде на Мундијалот?

Читај повеќе

Формула 1 го доби најмладиот возач на пол-позицијата

Читај повеќе

Тудор: Смешно ми е што луѓето мислат дека нов менаџер би ги решил сите проблеми преку ноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер сруши рекорд на Вилт Чемберлејн стар 63 години

Читај повеќе

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс

Читај повеќе

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе