Поцрвене небото над Ирак: Стотици хоспитализирани поради силна песочна бура
Ирак неодамна беше погоден од неколку песочни бури, што резултираше со стотици граѓани кои завршија во болница, а воздушниот сообраќај беше запрен.
Ова е осма песочна бура во Ирак од средината на април, а поради црвената магла, видливоста во Багдад и околните градови е намалена на само неколку десетици метри.
Стотици луѓе беа хоспитализирани поради тешкотии со дишењето, а некои училишта и канцеларии беа затворени.