Под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“ ќе се одржат 61 Струшки вечери на поезијата

Под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“ од 25 до 29 август во Струга ќе се одржи 61. издание на најпрестижниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата.

Манифестацијата ќе почне со традиционалното читање на Константиновата „Т`га за југ“ и палење на Фестивалскиот оган, по две години поради пандемијата, повторно на старата локација, пред платото на центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Годинешниот лауреат, јапонски поет Шунтаро Таникава, како што соопшти дирекцијата на Фестивалот СВП, поради поодмината возраст (91 година) и здравствени ризици нема да присуствува физички, а Златниот венец во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава, истакнат јапонски композитор и пијанист. На традиционалниот портрет на лауреатот што се одржува во црквата „Света Софија“ во Охрид, Кенсаку ќе има специјален музички настап инспириран од стиховите на неговиот татко.

Специјален гостин на манифестацијата, како што е наведено во информацијата, ќе биде минатогодишниот лауреат, израелскиот поет Амир Ор.

На годинашното фестивалско издание, според СВП, најавено е присуство на повеќе од 25 странски поети, но и домашни поети.

– Во рамките на програмата предвидено е меморијално чествување на доајенот на македонската поезија, Радован Павловски, вечер на хрватска женска поезија и промоција на специјалниот тематски број на „Книжевно житие“, поетски портрет на Шунтаро Таникава, поетски омаж на лауреатот на СВП во 2020 година, Амир Ор, портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, како и повеќе поетски читања на домашни и странски поети, соопшти националната установа „Струшки вечери на поезијата“.

Предвидени се поетски читања и на поети од платформата „Версополис“, проект поддржан од Европската комисија.

– Годинашното мото „Ритам на стихот, ритам на животот“ ја потенцира исконската врска меѓу ритмичките обрасци во поезијата, како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската меѓу поезијата и музиката. Во рамки на програмата на фестивалот, ќе биде промовирана и Антологијата поезија и музика, тематски избор на песни од истакнати домашни и странски поети чијашто тема е музиката, се наведува во информацијата на СВП.

Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде во недела, на 28 август на Мостот на поезијата со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга и „Браќа Миладиновци“.

Фестивалската програма ќе се пренесува во живо на официјалниот YouTube канал на СВП.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Култура

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more
 

Вести

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе