Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе го продолжи договорот со клубот, објави The Sun.
Според британскиот медиум, 27-годишниот Французин ќе потпише договор со „Црвените ѓаволи“ со важност од пет години.
Се наведува дека се надминати недоразбирањата и играчот повеќе не сака да го напушти клубот.
Во сезоната 2019/20, Погба одигра 15 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна еден гол и забележа четири асистенции. Францускиот фудбалер го пропушти најголемиот дел од сезоната поради проблеми со глуждот.