Поглед во болницата што Кинезите ја изградија за рекордно време
Кинеските власти во Вухан изградија болница со 1.000 кревети, за пациенти заболени од новиот корона вирус. Градоначалникот Џоу Сијанванг на војската ја предаде новата болница Хуншеншан, каде ќе работат 1.400 здравствени работници, пренесува CNN.
Според кинеските медиуми, новата болница е монтажна и може да се изгради за 6 дена. Во тек е изградба на уште една болница, Леишеншен, чие отворање е закажано за 5 февруари. Двете болници заедно ќе имаат 2.600 кревети.