Поглед во домот на Џон Бон Џови кој се протега на 1.600 м2
Имотот на музичарот Џон Бон Џови во Њу Џерси кој е вреден 20 милиони американски долари е на продажба.
На имотот кој се протега на 1.672 метри квадратни има приватен бар, музичко студио, гаража, кино и голем базен.
Имотот се истакнува поради архитектурата која наликува на француски замок. Исто така, куќата е уредена во француски стил. Има 6 спални соби, 7 бањи и два тоалета; потоа лифт, гаража за 3 автомобили, базен итн.