Поглед во импресивниот имот „The Curve“ кој се продава по цена од 3,45 милиони фунти
Куќата позната под името „The Curve“ која се наоѓа во Брајтон, Англија, се продава по цена од 3,45 милиони фунти.
Се работи за објект со необичен дизајн во кој има 5 големи спални соби, со големи прозорци и прекрасен поглед. Куќата има 4 ката, а има и лифт.
Секоја спална соба има своја тераса и тоалет. На приземјето има базен, сауна и теретана, како и пристап до градина со џакузи. Имотот се наоѓа на неколку метри од плажата.