Поглед во луксузниот дом на Џенифер Лоренс, вреден 10 милиони долари
Оскаровката Џенифер Лоренс конечно успеа да го продаде нејзиниот пентхаус во Менхетен, Њујорк за 9,9 милиони долари. Првичната цена која ја бараше за станот беше 15,45 милиони долари, но во јануари годинава ја спушти цената на 12 милиони.
Лоренс го купи станот за 15,6 милиони долари во 2016 година. Станува збор за прекрасен дом во кој доминира белата боја, а во него има библиотека, базен, три спални соби, четири бањи, соба за одмор и прекрасен поглед на градот.