Поглед во напуштен мавзолеј во Романија
Фотографот Кристијан Липован често фотографира напуштени градби, фасциниран од грандиозноста на овие места, истовремено чудејќи се на човечката негрижа за она што некогаш било предмет на гордост и достигнување, како оваа монументална градба.
Мавзолејот на семејството Цавоси од Романија бил изграден во 1860 година и бил напуштен и заборавен откако и последните наследници емигрирале во Канада и никогаш веќе не се вратиле.