Поглед во тјунираниот McLaren кој развива 666 КС
Германската компанија за тјунирање Pogea Racing ја зголеми моќноста на McLaren 570S oд 570 на 666 коњски сили.
Купувачите може да сметаат на 3,8-литарски V8 мотор со 666 коњски сили и 794 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,9 секунди. Во пакетот кој изнесува 11.000 евра се вклучени и нови 20-инчни алуминиумски фелни.