Погледнете ги неверојатните дриблинзи на Меси
Меси уште еднаш покажа зошто важи за вистински волшебник во фудбалот и зошто многумина го сметаат за најдобриот фудбалер на сите времиња. Погледнете го дриблингот за вториот гол на Суарез во кој помина четири противнички играчи. Меси имаше и уште една слична акција кон крајот на дуелот, но оваа е убедливо подобра.
Барселона на крајот го победи Еспањол со 4-1, а потезите на Меси добија пофалби од шпанските и од светските медиуми.