Објавен е првиот трејлер за новата оригинална серија на Netflix – италијанската хорор приказна „Curon“.
Седумнаесет години по трагичните настани поради кои морала да замине од градот Курон, една жена се враќа назад со нејзините близнаци. Тие наскоро ќе дознаат дека градот е проколнат – кога ќе се огласат ѕвоната на старата црква, сите потиснати чувства испливуваат на површина.
Кошмарни визии, мрачни тајни, окултни мистерии и езеро кое „оживува“ се дел од хорорите што ги ветува серијата.
„Клетвата ќе уништи сѐ“, предупредува еден од ликовите.
Погледнете го трејлерот за серијата што ќе биде достапна на Netflix од 10 јуни.