Ubisoft го објави и најновиот трејлер за видеоиграта „Assassin’s Creed Valhalla“.
Трејлерот го прикажува протагонистот Еивор и неговиот брат кој се обидува да му помогне, но од друга страна е неговата желба за слава и моќ.
Викинзите ја напуштаат Норвешка во потрага по нови авантури и се движат кон Англија. Еивор се обидува да освои парче земја на територијата на Англија и да го продолжи животот таму.
Приказната е слична на сценариото на „Vikings“, па ако сте ја гледале серијата ќе ви се допадне оваа видеоигра.
Играта пристигнува на 10 ноември и ќе биде достапна за Xbox Series X конзолата, за PC, PS4, a верзијата за PS5 пристигнува на 12 ноември.