Погледнете како F-22 Raptor ѝ пркоси на гравитацијата
Американското воено воздухопловство многу се гордее со борбениот авион од петта генерација, F-22 Raptor, доказ за тоа е оваа снимка направена во Алјаска.
Во видеото може да се види каква акција изведува авионот, со кадри направени од кабината. Зад F-22 стои најмодерната технологија на аеродинамичното обликување (Stealth), систем за управување, софистицирана електроника и друга опрема.
Овој авион е рекордер по цена на трошоци при оперативна употреба. Иако активно се користи во службата, Lockheed Martin престана да го произведува во 2011 година.