Пола кило бурек и два литра „кока кола“ – ова беше исхраната на Јокиќ пред да стане НБА ѕвезда

Мишко Ражнатовиќ, менаџерот на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, раскажува како од просечен играч направил НБА ѕвезда и дека не можел ни да замисли дека толку брзо ќе направи ваква кариера.

Во разговор за Index.hr менаџерот истакнува дека Јокиќ (25)порано не изгледал баш како на фотографиите што деновиве се вирални на социјалните мрежи, а на кои е прикажан како полничко момче за кое не би се претпоставило дека ќе стане еден од најдобрите кошаркари во светот.

„Не беше баш како на оние фотографии, но имаше вишок килограми и беше значително физички послаб од сите други во екипата. Кондициониот тренер веднаш го извлече од тимскиот тренинг и му рече да го доведе телото во состојба да може да тренира со остатокот од екипата. Му рече дека ќе се повреди во рок од три дена ако веднаш почне со целосен тренинг. Но, Јокиќ покажа дека физикалиите не се пресудни и за тоа ми е многу мило бидејќи им отвора врата на сите деца да сонуваат дека можат да станат Ол Стар играчи, дека не е важно дали имаат планина од мускули и дали можат да скокаат којзнае колку високо. Тој е исклучително атипичен пример, но добар за сите деца кои играат кошарка, особено во овој наш чуден регион“, вели Ражнатовиќ.

„Претходно за него беше нормално за еден оброк да изеде пола кило бурек и да испие два литра ‘кока кола’. Тоа сепак не е најсмешната анегдота за него. Подобра е онаа кога потпиша толку многу автограми што доби воспаление на тетивата на раката и мораше да прошушти еден ден тренинзи и неколку натпревари“, раскажува менаџерот за Index.hr.

Тој нагласува дека со тек на време неговите прехранбени навики се смениле.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе