Изгледа дека климатските промени предизвикаа појава на нов вид мечки на Арктикот. Се покажа дека мечка, убиена пред една година во северниот дел на Канада, најверојатно е хибрид од поларна мечка и гризли. Мечката е убиена во заливот Хадсон во канадскиот арктички регион.
„Изгледа како поларна мечка, но има кафени шепи и големи канџи како гризли. Дури и главата е како на гризли“, ја опиша ловецот Диџи Ишалук.
Средбите со новиот вид мечки, наречен крупна мечка, стануваат сè почести во последните години бидејќи Арктикот се загрева двојно повеќе од светскиот просек. Гризли мечките пронајдени на Алјаска и во Канада се движат кон север, а тоа ги доведува во контакт со поларните мечки сместени на брегот.
„Комбинацијата од зголемените температури и растот на вегетација значи дека постојат повеќе преклопувања меѓу видовите и би очекувал тоа да се зголеми“, вели за Guardian Крис Сервин, експерт за гризли од Универзитетот во Монтана.
Палеонтологот Лариса Десантис вели дека поларните мечки се повлекуваат во внатрешноста за да најдат храна и се парат со генетски сличните гризли. Новиот вид мечки се поотпорни на климатските промени и зголемените температури. Додека арктичкиот лед се намалува, поларните мечки почнуваат да минуваат повеќе време на копно, губат на тежина, а бројот им се намалува бидејќи не можат да ловат.
Поларните мечки еволуирале од кафеавите мечки и сега се најголемите копнени животни во светот, со просечна тежина до 720 килограми. Гризли мечките се осамени животни кои се групираат поради храна и парење.
Долгорочните прогнози би можеле да бидат поповолни за новиот вид мечки отколку за поларните, кои зависат од ледот и еволуирале со него, не можат долгорочно да преживеат на брегот.
Ако исчезне морскиот лед, некои ќе преживеат, но шансите за нив не се добри.
„Гледаме на еволуциската промена долгорочно каде преклопувањата се зголемуваат, а поларните мечки немаат многу можности. Пред да видиме сосема нов вид мечки ќе минат уште стотина година“, велат научниците.