Polestar го откри изгледот на својот прв SUV

Пред пандемијата со коронавирус, проблемите во синџирот на снабдување и меѓународните конфликти во светот, се најавуваше дека новиот електричен автомобил на Polestar ќе пристигне во 2021 година, но после сите овие препреки, компанијата дури сега го откри својот изглед.

Поради фактот што е инспириран од концептот Precept, станува збор за SUV, а не за седан. Во меѓувреме видовме автомобил под камуфлажа, а сега Polestar целосно го откри изгледот на својот прв SUV наречен Polestar 3.

Покрај првиот вистински увид во дизајнот, Polestar понуди и информација дека сериската верзија ќе има премиера во октомври. Влегувањето на пазарот на SUV е многу важно за секој производител, а како што се движиме кон автономија, Polestar 3 ќе биде подготвен.

„Polestar 3 ќе понуди автономно возење по автопат врз основа на врвна класа LiDAR сензор од Luminar, како и централизиран NVIDIA компјутер“, велат од компанијата.

Новиот електромотор ќе работи со два мотора, а ќе има и голема батерија со домет до 600 километри.

Производството ќе започне на почетокот на следната година и ќе се одвива во САД и Кина.

„Polestar 3 е SUV за електричната ера. Нашиот дизајнерски идентитет се развива со овој висок и голем луксузен електричен автомобил со силен карактер на индивидуална марка. Со овој автомобил го враќаме спортскиот дух на теренците и остануваме верни на нашите корени за перформанси“, додадоа од Polestar.

Шведската марка нема намера да застане на Polestar 3, бидејќи на секои три години ќе лансира нов модел.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе