Полицијата во Сан Франциско доби одобрение да користи „роботи убијци“

По жестока расправа, властите во Сан Франциско ѝ одобрија на градската полиција да употребува роботи со потенцијално смртоносни способности.

Весникот The San Francisco Chronicle објави дека по расправа во надзорниот одбор, која резултирала со 8 гласа „за“ и три „против“, полицијата од вторникот е овластена да користи роботи за отстранување бомби и за извидници.

„Ова вклучува седум роботи дизајнирани да неутрализираат бомби и обезбедат видео извидување“, објави на Twitter Рафаел Манделман, еден од членовите на Одборот.

Против ваквата одлука биле Хилари Ронен, Дин Престон и Шаман Волтон, а Ронен наведе дека е срамота што само тројца „гласале против вооружување роботи“.

Дин Престон овој чин, полицијата во Сан Франциско да користи роботи за убивање луѓе, ја оцени како вознемирувачка.

Иако ниту еден од роботите не е вооружен и полицијата не планира да ги вооружи, Манделман наведе дека во одредени ситуации, како терористички напади или масовни пукања, полицијата може да користи роботи со оружје.

Додаде дека полицијата во Сан Франциско користи роботи од 2010 година и досега никогаш не се користени за примена на смртоносна сила.

„Постои само еден случај во евиденцијата на полицијата во Далас, дека робот убил снајперист во 2016 година. Станува збор за снајперист кој убил пет полицајци“, укажа тој.

 

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе