Полнети пиперки на турски начин

Неверојатно вкусни полнети пиперки во турски стил. Во филот влегува само ориз, а за прекрасна кора печете ги во рерна.

Македонските полнети пиперки се полнат со мелено месо и ориз, но пробајте го овој турски рецепт каде се полнат со ориз. Два вида доматна паста ги прават пикантни, па се одлични за оние кои не јадат месо, но и ако сакате малку полесен оброк, а да заситува. Добро испечете ги во рерна, бидејќи така кората ќе биде поубава, а самите пиперки повкусни.

Потребни состојки:

  • 1 кг зелени пиперки
  • 55 мл маслиново масло
  • 2 кромида
  • 1 лажица доматна паста
  • 1 лажица пикантна доматна паста
  • 1 лажичка слатка пиперка
  • ½ лажичка сув босилок
  • 250 гр ориз
  • 2-3 чешниња лук
  • 2 домата
  • 200 мл топла вода
  • малку магдонос

За сосот:

  • 1 лажичка доматна паста
  • 1 лажичка чили паста
  • 300 мл топла вода
  • 4 супени лажици маслиново масло

Подготовка:

На маслиново масло пропржете го ситно сечканиот кромид додека да омекне. Потоа додадете ги и двете доматни пасти и измешајте. Посипете со слатка пиперка и магдонос, а потоа измешајте и оставете да врие неколку минути. Додадете го измиениот и процеден ориз и убаво измешајте, па додадете го ситно сечканиот лук. Додадете сечкани домати, промешајте, и по 5 минути прелијте со вода. Покријте и варете додека не испари водата. На крајот додадете свеж сечкан магдонос. Исклучете го шпоретот и оставете го филот да отстои околу 10 минути. Пиперките исчистете ги, па со чепкалка прободете ги на неколку места. Се филува со филот, па се редат пиперките во тава. Покријте ја секоја пиперка со домат. Во еден сад измешајте ги доматните пасти, водата и маслиновото масло, па измешајте и прелијте ги со пиперките. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 50 минути.

Remote video URL
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе