Полноќна ексклузива: Холанд потпишува за Сити и го надминува Роналдо по плата

Ерлинг Холанд, поточно неговиот агент Мино Рајола и таткото на играчот Алф-Инге Холанд, ги договориле деталите околу трансферот на феноменалниот млад напаѓач од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити.

Ова беше објавено „ексклузивно“ доцна синоќа од на Мајк Киган, уредник на Daily mail.

Пред една недела, доверливиот Џанлука Ди Марцио, новинар на Sky и еден од најсигурните извори на фудбалскиот пазар, објави дека Холанд го одбил Реал затоа што му понудил да го доведе следното лето и ја прифатил понудата на Сити, која му гарантира трансфер за два месеца.

URL

Борусија Дортмунд беше повеќе наклонета кон понудата на Реал бидејќи следната година откупната клаузула на Халанд ќе биде зголемена на 120 милиони евра, а за ова лето таа е 75 милиони евра. Сепак, одличниот голгетер сака што поскоро да си замине, а Манчестер Сити освен што ја плаќа споменатата сума, им дава богатство на Холанд и неговиот тим.

Сити му дал на Холанд понуда која е невозможно да се одбие: петгодишен договор и неделна плата од 500.000 фунти, или 600.000 евра неделно, а годишно над 31 милион евра, без бонуси. Сити на агентот Мино Рајола му дава провизија од дури 70 милиони евра.

Ерлинг потпишува за клубот во кој татко му ја заврши кариерата. Дел од спомнатата неверојатна сума ќе оди кај таткото на Холанд, Алф-Инге, кој играше за Сити три години и за кого Киган пишува дека имал големо влијание врз неговиот син при изборот на овој клуб.

URL

Холанд Џуниор со тоа станува убедливо најплатениот играч во историјата на најбогатата национална лига. Според Daily Mail, тој ќе заработува 500 .000 фунти неделно. За споредба, Кевин де Брујнe и Кристијано Роналдо во моментов се најплатени таму, a заработуваат околу 385.000 фунти неделно.

На Пеп му фали „деветка“

Пеп Гуардиола со месеци инсистира да го доведе Холанд бидејќи му треба само напаѓач од светска класа за да го заокружи совршениот тим. Минатото лето вложи максимални напори да го доведе Хари Кејн, но иако понуди 100 милиони фунти и Кејн поднесе барање за трансфер, Тотенхем беше категоричен.

Така, со заминувањето на Серхио Агуеро, Манчестер Сити остана без „деветка“ или класичен напаѓач, што е улогата што оттогаш ја имаат Фил Фоуден и Габриел Жесус.

Холанд дојде во Борусија во зимскиот преоден рок во 2020 година од Салцбург со обештетување од 20 милиони евра. Оттогаш, тој одигра 85 натпревари за клубот од Дортмунд, на кои постигна 82 и намести 23 гола.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more
 

Спорт

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе