Помина првиот автомобил по новиот мост во Џенова
Откако пред две години се урна мостот Моранди во пристанишниот град Џенова, Италијанците на негово место веќе изградија нов, огромен и модерен мост.
Денеска првиот автомобил целосно извози по новиот мост, кој ќе се вика едноставно мост Џенова, како градот. Возеше Пјетро Салини, директор во фирмата Webuild која го градеше мостот. Официјалното пуштање во употреба на мостот ќе биде на крајот на јули.
Моранди се урна за време на невреме на 14 август 2018 при што загинаа 43 лица, а 16 беа повредени.