Попович го критикуваше гувернерот на Тексас за укинувањето на маските

Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, изјави дека неговиот тим ќе ја игнорира одлуката на државата Тексас за укинување на задолжителното носење маски, нарекувајќи ја одлуката на гувернерот Грег Абот „несериозна“.

Абот денес објави дека става крај на задолжителното носење маски во обид да се отвори Тексас „100%“, и покрај загриженоста на американскиот Центар за контрола на болести и спречување на нови случаи на коронавирус.

Говорејќи по победата на Сан Антонио со119 : 93 над Њујорк никс, Попович рече дека Спарс ќе продолжат да ги следат протоколите на НБА, според кои играчите, тренерите и судиите треба да носат маски.

„Што се однесува до играчите, ние ја слушаме НБА, а не гувернерот“, истакна Попович.

Тој го критикуваше Абот, велејќи дека се однесува како да заврши пандемијата, иако сите научници и експерти го тврдат спротивното.

„Дали еднаш претходно го поминавме ова и сега повторно ли? Ќе има нови случаи“, смета тренерот на Спарс.

Тексас е најголемата американска држава што ја укина одлуката за задолжително носење маски, а Абот, како што потсетува CNN, се соочи со критики од неговата партија поради изречената мерка во јули минатата година.

Во Тексас од почетокот на пандемијата, од COVID-19 починаа повеќе од 42.000 луѓе. 

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе