Поради епидемилошките мерки, шведско-норвешка двојка се венчаше на граница

Поради мерките воведени против епидемијата на коронавирусот, Норвежанка и Швеѓанец решија да стапат во брак на самата граница меѓу двете земји.

– На почетокот тоа беше шега, рече Хајди Каролин Нистром, која во неделата се омажи за Вили Лисел.

Двојката 60-годишни свршеници, нетрпеливо чекаше крај на ограничувањата за патување меѓу Шведска и Норвешка уште од пролетоска, но залудно. Во Норвешка, строгите услови сè уште важат за патниците кои одат во Југозападна Шведска, каде и двајцата живеат.

– Тогаш рековме: Па зошто да не се венчаме на границата?, рече невестата, која сакала кума да биде нејзината мајка, која бидејќи е на норвешката страна не е под закана од карантин.

Свадбата се случи на стариот мост Свинесунд, 100 километри јужно од Осло. Двојката, која води дуќан во шведскиот пограничен град Сремстад, поканила неколку лица на церемонијата, како и двајца музичари.

– Требаше да биде дискретна свадба, рече невестата, која била изненадена од вниманието предизвикано од церемонијата.

Невестата уште рече дека на свадбата се почитувале сите епидемиолошки мерки.

– Немаше бакнување, освен мојот бакнеж со Вили. Дури ни мајка ми не ја прегрнав, истакна Нистром.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе