Поради климатските промени поларните мечки ја напуштаат Алјаска и се движат кон Русија

Американските научници кои го следат бројот и движењето на мечките кои живеат во областите околу Арктичкиот Океан тврдат дека поларните мечки поради климатските промени ги напуштаат своите ловишта на Алјаска и се преселуваат во Русија.

На островот Кодијак, Алјаска, на 26 декември 2021 година е измерена рекордна висока температура од дури 19,4°C. Просечната годишна температура во Алјаска пораснала за 4,8 степени во последните 50 години, а еден од најголемите показатели за глобалното затоплување е токму масовното иселување на поларните мечки.

Температурата од 19,4°C измерена минатиот месец е највисоката температура измерена во декември на Алјаска. Поради ваквите промени, животните биле принудени да мигрираат од Америка во Русија.

Во меѓувреме, научниците кои го следат бројот на мечки во Русија забележале огромен пораст, пишува BBC.

На рускиот остров Врангел во соседното Чукотско Море, научниците изброиле рекордни 747 мечки во 2020 година, што е голем пораст во однос на 2017 година и население од 589 мечки.

Според д-р Карин Роуд, од Научниот центар на Алјаска, поларните мечки во Русија се „поголеми, поздрави и имаат поголема стапка на репродукција од мечките кои живеат во Јужното Бофортово Море“. Исто така, научниците веруваат дека руската територија има подобар пристап до повеќе храна за поларните мечки.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе