Поранешни затвореници споделуваат на што им било најтешко да се навикнат откако се на слобода

Излегувањето од затвор не значи дека вашиот живот веднаш ќе се врати во „нормалата“ од пред издржување на казната.

Животот зад решетки е различен и се создаваат навики од кои е тешко да се ослободите по излегувањето. Корисник на Reddit ги праша поранешните затвореници на што им било најтешко да се навикнат откако се на слобода.

Ова се нивните одговори:

Тоалетна хартија

„Се фаќам себеси како собирам и трупам ролни тоалетна хартија под креветот. Главно го правам тоа без размислување, инстинктивно“.

Цигара во џеб

„Не пушам, но секојпат кога некој ќе ми понудеше цигара, ја земав. Во затворот цигарите се како валута. Ми требаа два месеци да се ослободам од таа навика“.

Јадам сè со лажица

„Не користев виљушка со недели по излегувањето. Автоматски јадев сè со лажица“

Остри предмети

„Немам желба да ги користам за погрешни цели, само сум запрепастен кога ќе видам дека ги има на дофат на раката. Ќе бидете изненадени што сè сметам за остар предмет. Најчудно за мене беше стаклото и огледалата во сите бањи. Тешко е да престанеш да гледаш на сè како на потенцијално оружје“.

Кратко туширање

„Долго време откако излегов од затвор се туширав само по пет минути. Навики...“

Спиење подоцна од 5 часот

„Се чувствував како да правам нешто погрешно ако спијам после 5 часот наутро, но сега никаде не доцнам. Иронично, но сега сум поуспешен од кога било поради таа навика“.

Грбот до ѕид

„Морам секогаш да ги гледам сите излези од собата и да бидам на штрек. Постојано ги проценувам луѓето околу мене и предвидувам потенцијални закани. Се обидувам да склопам пријателства за да имам за да имам што повеќе сојузници и да не дадам никому причина да се обиде да ме повреди“.

Недоверба кон луѓето

„Еден мој пријател излезе од затвор и не може да се ослободи од таа навика. Тој рече дека луѓето во затвор никогаш немаат добри намери, и ако се случи да имаат, тогаш има некој скриен мотив зад тоа.“

Спиење како во ковчег

„Не јас, ама бившиот секогаш спиеше така, со рацете прекрстени на градите и не се мрдаше воопшто во текот на ноќта, така со месеци. На крај, сепак успеа да се ослободи од таа навика“.

Криење мобилни телефони

„Секогаш кога некој ќе влезе во соба, го кријам мобилниот. Излезен сум веќе два месеци и не можам да престанам да го правам тоа.“

Изолација

„Бев многу дружељубива личност, но по толку време поминато со себе веќе не знам како да се дружам со други луѓе“.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Чек дис аут

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Read more

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Read more
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Читај повеќе