Екипата на Вест Хем започна катастрофално оваа сезона под водство на Славен Билиќ, па како негова замена дојде Дејвид Мојс, чија цел беше да избори опстанок, што и на крајот му успеа, но веднаш по последното коло тој доби отказ.

Сега, како што тврдат англиските медиуми Вест Хем е многу близу до ангажирање на поранешниот тренер на Реал Мадрид и Манчестер Сити, Мануел Пелегрини.
Пелегрини се очекува во следниве неколку денови да седне на клупата на „Чеканите“ и да стави потпис на тригодишен договор.
64-годишниот Чилеанец имаше мошне успешна кариера во Европа, пред да замине во Кина каде ги помина последните две сезони.

Покрај Манчестер Сити и Реал Мадрид, помеѓу другите, Пелегрини ги водеше и екипите на Виљареал и Малага.
Останува да почекаме за Пелегрини и официјално да биде промовиран во следниве денови како нов тренер на Вест Хем.