Порано беше светска шампионка, денес е ѕвезда на сајт за возрасни

Верона ван де Лур некогаш беше спортистка на годината во Холандија. Поради проблеми во приватниот живот се повлече од спортот, по што почна да се занимава со сосема поинаква работа.

На пет години почна да тренира гимнастика, а на 17 години беше спортска ѕвезда. Освои пет медали на Европското првенство во Грција. Во 2002 година беше прогласена за спортистка на годината во Холандија, а тим на годината беше целата гимнастичка репрезентација.

Во наредните години освои уште медали, а во 2008 година се повлече поради недостиг на мотивација и проблеми во семејството. Три години подоцна беше осудена поради уцени кон повозрасен пар по што одлежа 72 дена во затвор.

Две години немаше кров над главата, а во 2011 година влезе во порно индустријата. Првин работеше како девојка зад камерите, па започна и портал кој вклучуваше и филмови за возрасни. Работеше со нејзиниот дечко и само со него снимаше филмови.

Со тоа прекина во ноември, 2019 година, но и понатаму е активна на OnlyFans.

„Кога ќе останете на улица и немате што да јадете, ќе направите сè за да преживеете“, изјави таа за Guardian минатата година.

Кога ќе се потсети на славните денови кога ја предводела Холандија како сензација во спорт во кој тогаш доминираа Руси, во нејзиниот глас се чувствува голема гордост.

„На моите родители успехот им беше пред мене, ме притискаа за тие да имаа корист. Кога не би успеала во нешто мојата мајка не сакаше да дојде по мене на аеродром, ме тераше да се враќам расплакана со долги возења со метро“, се присетува Верона.

Само една година по најголемиот успех, уморна од тешки тренинзи, со уморно тело и недоразбирања во домот, размислувала за самоубиство.

„Се чувствував како да сум во црна дупка. Се обидував да престанам со гимнастика, но никој не сакаше да ме пушти да престанам“, вели таа.

Се пензионирала во 2008 година и го открила и животот надвор од гимнастика. Почнала да минува повеќе време со дечкото, но набргу ја избркале од дома. Останала и без пари. Подоцна открила дека нејзиниот татко ги потрошил сите нејзини заработени пари за негово сопствено задоволство.

Неколку години подоцна го добила судскиот спор против него и му било наложено да ѝ плати 62.000 евра.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе