Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Скопје, 8 јули 2020 (МИА) – Порнографски видеа и фотографии со експлицитна содржина со девојки и жени од Гевгелија и околината се споделуваат преку Viber и Messenger. Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

Екслицитните видеа и фотографии пристигнале до редакцијата на „Слободен печат“, кој случајот го пријавил во МВР.

„Слободен печат“ објави дека до нивната редакција пристигнале десетина порнографски видеа и фотографии со експлицитна содржина на кои се гледаат ликовите на девојки и жени од Гевгелија и од Богданци. Овие видеа масовно се споделувале по приватни канали од еден на друг корисник во Гевгелија овие денови, а жените и девојките што се на нив, се мета на јавен линч на своите сограѓани, кои не само што ги споделувале клиповите по пат на системи за пораки, како Viber и Messenger, туку и создавале адаптации на логоа од порнографски сајтови насловени како „ГевгелијаХаб“.

Од МВР за МИА потврдија дека случајот е пријавен и дека се постапува по него, но напоменуваат дека според досегашните сознанија не станува збор за случај оној налик на „Јавна соба“, кој одекна во јавноста на почетокот на годината. Во тој случај фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделувале подолг временски период во групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Telegram. Некои од фотографиите биле преземени од профили на социјалните медиуми, некои, пак, биле дел од приватна комуникација со поранешен партнер, за потоа да бидат злоупотребени и пуштени во отпег во „Јавна соба“.

Од МВР за МИА посочуваат дека во овој случај станува збор пред сè за приватно снимени фотографии и видеа, кои биле за лична употреба, а потоа се злоупотребени. Тие, додаваат од полицијата, не се објавуваат во некоја група или на некоја платформа, туку се препраќаат од еден на друг корисник преку пораки на Viber и Messenger. Сепак, случајот ќе се испитува и допрва ќе се утврдува за што станува збор.

МИА побара одговор и од гевгелиската полиција, од каде ни посочија дека тие се информирани, дека ги детектираат информациите и сè уште утврдуваат за што станува збор.

Едно од видеата било претходно споделувано и во „Јавна соба“

За случајот е информиран и Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој нагласи дека собира информации и најавува соодветни дејствија.

-После Јавна соба и масовното сексуално вознемирување на текстилните работнички на Facebook група следи нов скандал ГевгелијаХаб. Ги ѕирнав тие материјали и одговорно тврдам дека барем едно видео од овие беше споделено и на Јавна соба. Замислете тие жени се трет пат (еднаш кога биле споделени од оној кому му ги пратиле или ги снимал/сликал, вторпат на Јавна соба и сега најтешко во локалната средина во која живеат) жртви на сексуално вознемирување кое може сериозно да го наруши нивното ментално и физичко здравје, напиша на својот Facebook профил, Ирена Цветковиќ од Коалицијата Маргини.

Таа забележа дека истрагата за „Јавна соба“ завршила со кревање рамена на МВР со изговор – „Telegram не ни дава податоци“.

-Стварно ли? Па едно кафе џандар да испие у Гевгелија за 30 мин ќе ја дознае цела багра која го прави ова. Чудно како за секунда се фаќаат лица кои преку интернет се закануваат на политичари и нафатирани бизнисмени, а целиот систем и држава колабира во немоќ кога жртви се обични жени и девојки, нагласи Цветковиќ на Facebook.

„Јавна соба“ на почетокот на февруари беше затворена. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР Скопје тогаш изврши идентификација на сопственикот на „Јавна соба“ со иницијали Д. К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. исто така од главниот град. Групата броела над седум илјади членови, а откако МВР покрена истрага, бројот драстично се намалуваше, а како што информираше тогаш министерот за внатрешни работи Наќе Чулев станува збор за околу 800 фотографии и видеа, претежно од Facebook, Instagram и интернет, но има и приватни фотографии и видеа.

Целта и намерата при креирањето на „Јавна соба“ требаше да се разоткријат во текот на истрагата. Првично од нејзиниот основач беше посочено дека групата ја отворил заради забава и размена на смешни видеа, но целата работа излегла од контрола. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Хроника

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more

Три скопјанки искасани од кучиња скитници

Read more

Двајца загинати во сообраќајката на патот Штип-Кочани

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе