Лезбијското порно е прогласено за најпопуларен жанр во 2018 на двата најпосетени сајтови со содржина за возрасни - Pornhub and YouPorn – и овие пребарувања и посети најмногу се должат на женски посетители, покажува статистиката.
Двата сајтови заедно имаат 40 милијарди прегледи и неделава ги објавија годишните извештаи за посетеност што покажаа дека порното со лезбијска содржина е најпребаруван поим.
Интересно е што оваа категорија е најпопуларна кај женските посетители веќе втора година со ред.
Pornhub вели дека во 2018 година, жените – кои сочинуваат 30% од нивната публика – имале 151% поголема заинтересираност за лезбијско порно во споредба со мажите.
Директорката на Центарот за секс-велнес на Pornhub Лори Бетито претпоставува дека незгаснатиот интерес за оваа категорија кај жените е бидејќи „имаат прилика да гледаат сексуални дејствија во кои и самите уживаат“.
Пребарувањата за „транссексуалци“ имаа значителен раст, најчесто кај машката публика, а тоа не се случува прв пат.
Pornhub исто така откри дека жените пребарале повеќе од 30% од содржината со геј порно со мажи.
Во истражување објавено во Porn Studies во 2016 година, се заклучува дека жените се сѐ понезадоволни од хетеросексуалната порно содржина поради „отсуството на женско задоволство“ и фактот дека „повеќето содржини со хетеросексуален секс им го прикажуваат сексуалниот чин од машка гледна точка“.