Порошенко ставен на „црната листа“, се обиде да ја напушти Украина

Б.С.Б.
/ 28.05.2022 / 10:21

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко доцна синоќа бил вратен од граница, во обид да ја напушти земјата и да влезе во Полска.

Украинските медиуми пренесуваат дека Порошенко се обидел да ја напушти земјата, а на неговата страница „Европска солидарност“ тврдат дека властите го ставиле на „црна листа“ и дека му е забрането да ја напушти земјата.

Потпретседателката на украинскиот парламент Ирина Герашченко, воедно и пратеничка од партијата на Порошенко, соопшти дека поранешниот украински претседател имал намера да присуствува на годишната седница на парламентарниот собир на НАТО, кој се одржува на 29 и на 30 мај во Литванија.

Таа наведе дека на 31 мај и 1 јуни Порошенко требало да учествува на состанокот на Европската народна партија, но сега се е доведено во прашање откако доцна синоќа беше запрен на контролен пункт каде му беше врачена наредба со која му е забрането да патува надвор од земјата.

Според пишувањето на Украинска Правда, зад сето ова може да стои истрага поради можно велепредавство во кое е опфатен Порошенко, поради што уште во јануари, по враќањето од краток егзил во Турција, му беше одредена мерка забрана за напуштање на Киевската област.

 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе