Портрети од славните историски личности и нивните потомци
Инспириран од историјата, фотографот Дру Гарднер направи интересни портрети споредувајќи ги сличностите меѓу славните историски личности и нивните потомци.
Не само што Гарднер направил интересно истражување пронаоѓајќи ги наследниците туку обрнал внимание и на најмалите детали од нивната облека и изглед, а крајниот резултат е неверојатен.
Меѓу славните историски личности ќе ги видите потомците на Мона Лиза, Оливер Кромвел, Наполеон, Емелин Панкерст, Чарлс Дикенс, Томас Џеферсон и други.