Португалија ги претстави целите на претседателството со ЕУ

Португалскиот министер за надворешни работи, Аугушту Сантуш Силва, изјави во Европскиот парламент дека целите на неговата земја како претседавач на ЕУ во областа на проширувањето се „прилично амбициозни“.

– Ние сакаме да придонесеме за одобрување на преговарачките рамките со Северна Македонија и Албанија и да ги продолжиме тековните преговори со Србија и Црна Гора, изјави Сантуш Силва во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ).

Неколку европратеници посочија дека ЕУ не смее да ги заборави Босна и Херцеговина и Косово, како и на препреките и проблемите што Бугарија, како што рече членката на АФЕТ, Изабел Сантуш, и ги поставува на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

Европратеникот Андор Дели ги посочи разликите во пристапот кон процесот на проширување помеѓу Советот и Европскиот парламент и го праша португалскиот министер што ќе направи за да се забрза спроведувањето на новата методологија за преговори.

– Ниту една измена од оваа методологија не е воведена, кажа Дели, додавајќи дека се „потребни позитивни пораки за да се забрза процесот на проширување“.

Европратеникот Андреас Шидер праша на кој начин ќе се работи за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Шидер исто така рече дека е заинтересиран што ќе се случи со дијалогот меѓу Косово и Србија.

– Мислам дека е важно Европа да го преземе водството во тој дијалог, кажа европратеникот.

Одговарајќи на прашањата на пратениците, Сантуш Силва кажа дека прашањата меѓу Северна Македонија и Бугарија мора да бидат решени, бидејќи тоа „се одразува на ЕУ во целина“, дека тие се надеваат на напредок во тој процес и дека одлуките од минатата година во врска со отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да се спроведат.

Тој исто така оцени дека на Брисел му е драго што новата влада во Србија презела одредени обврски и дека ја поздравува посветеноста на Србија кон процесот на евроинтеграција и дијалогот со Косово. Тој ја истакна „големата важност“ на дијалогот меѓу Србија и Косово.

Во врска со новата методологија за проширување, Сантуш Силва кажа дека смета дека таа „веќе е добро интегрирана во тековните преговори со Србија и Црна Гора“.

Португалскиот шеф на дипломатијата, исто така, посочи дека ЕУ нема да ги заборави Босна и Херцеговина и Косово.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе