Ракомет
ЕХФ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2020

Португалија ја прати Словенија во полуфинале, реми на Хрватска - Шпанија

22. јануари 2020 - 17:43 | Ф.З.

Португалците прикажаа фантастична партија и ја здробија Унгарија со што ѝ направија услуга на Словенија. Хрватска и Шпанија борбата за првото место во групата го решија на гол-разлика наместо на паркетот.

Репрезентацијата на Словенија е последниот полуфиналист. Унгарците не успеаја да ја совладаат разиграната и незгодна Португалија и извисија во борбата за пласман меѓу најдобрите четири.

Португалците на полувреме заминаа со плус два, а на крајот победија со 8 разлика. Белоне Мурејра со 7 голови беше најефикасен на натпреварот, а кај победниците само четворица ракометари кои истрчаа на паркетот не постигнаа гол. Кај Унгарија 100 постотна реализација имаше Бенце Банхиди со 5 голови од исто толку обиди и тоа ниту еден од пенал.

Доколку Исланд вечерва не ја совлада Шведска, тогаш Португалије ќе го постигне својот најдобар успех на Европските првенстав, борба за 5-тото место.

Табела група II:
1. Норвешка 8 (4) 124:105
2. Словенија 6 (4) 108:99

3. Португалија 4 (5) 146:142
4. Унгарија 4 (5) 126:140
5. Исланд 2 (4) 101:110
6. Шведска 2 (4) 88:97

Борбата за првото место во првата група се реши преку гол-разликата откако Хрватска и Шпанија одиграа нерешено, 22:22. Игор Карачиќ со 10 голови од 12 обиди беше незапирлив за Шпанците за кои Алекс Дујшебаев беше најпрецизен со 6. Кај голманите, Марин Шего одбрани 9 од 30 удари, додека Родриго Коралес бранеше 7 пати од 26.

Ова реми значи дека прва во групата заврши Шпанија и тоа поради подобрата гол-разлика. Шпанците во полуфиналето ќе играат против второпласираната репрезентација од другата група, веројатно Словенија, додека Хрватите ќе одат на Норвешка. Нормално, доколку допрва не се случи чудо и Словенија во директниот дуел не ја совлада Норвешка.

Табела група I:
1. Шпанија 9 (5) 153:127
2. Хрватска 9 (5) 127:113

3. Германија 4 (4) 115:103
4. Австрија 2 (4) 103:120
5. Белорусија 2 (4) 102:124
6. Чешка 0 (4) 100:113

Коментирај