Посен ролат со спанаќ за Свети Никола

Овој посен ролат со спанаќ е совршен избор за посните прослави, а и брзо се подготвува.

Рецептот е на српската фудблогерка Лариса Стајиќ, објавен на Instagram.

Потребни состојки:

за кората:

  • 150 гр брашно
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 200 гр варен сечкан спанаќ
  • 200 мл кисела вода
  • 2 лажици масло

за филот:

  • 200 гр туна
  • 100 гр посен мајонез
Подготовка:

Сварете го спанаќот и оставете го да се излади. Вклучете ја рерната да се загрее на 200°C. Истурете го брашното во поголем сад, додадете сол и прашок за пециво, па измешајте. Додадете спанаќ, кисела вода и масло. Добро измешајте ја смесата и истурете ја во поголем плех обложен со хартија за печење.

Распоредете ја смесата рамномерно и печете 10-15 минути. Кората е тенка, па брзо ќе биде готова. Испечената кора ролајте ја заедно со хартијата и завиткајте ја во влажна крпа. Оставете да се излади, а во меѓувреме подгответе го филот. Исцедете ја туната од маслото, а потоа помешајте ја со посниот мајонез.

Одмотајте ја кората, нежно одвојте ја од хартијата и распоредете го филот, внимавајќи да не отиде до работ, за филот да не истече. Повторно ролајте ја кората со филот и ставете ја во фрижидер најмалку 3 часа, за убаво да се соединат состојките. Изладениот ролат исечете го на тркалца и послужете.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LarisSa (@larisa_stajic)

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Рецепти

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Read more

Како да подготвите сочни ќофтиња кои нема да се распаднат при пржење?

Read more

Идеално за пост: Паприкаш од печурки

Read more

Едноставна пролетна салата од ротквици и млад кромид

Read more
 

Магазин

Храна што бремените жени треба да ја јадат секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Читај повеќе

Како се разликуваат симптомите на срцев удар кај жените?

Читај повеќе

Како да подготвите сочни ќофтиња кои нема да се распаднат при пржење?

Читај повеќе

Како бројот на часови сон влијае на вашето тело и мозок?

Читај повеќе

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденски украси: Како да направите зајаче од хартија?

Читај повеќе

Карактеристики на родителите кои воспитуваат агресивни и посесивни деца

Читај повеќе

Зошто ракот на дебелото црево е сè почест кај помладите луѓе?

Читај повеќе