Српската Влада на вчерашната седница одобри поскапување на патарините за 14%, додека оние кои патарините ќе ги платат по електронски пат ќе добијат 6% попуст на таа сума, односно за нив поскапувањето ќе биде 8%, јави дописникот на МИА од Белград.

За патничките автомобили на релација Прешево-Белград, наместо 1.490 динари, доколку се плаќа во готово, ќе чини 1.699 динари.
Доколку сопствениците на автомобили плаќаат електронски на таа делница, патарината ќе чини 1.609 динари.
Патарината Белград-Суботица поскапува од 640 динари на 730 динари, а за е-плаќање на 691 динар.
Белград-Шид поскапува од 420 на 479 динари и 454 динари за плаќање со таг.
Цената на патарината Белград-Ниш се зголемува од 890 на 1.015 динари, а за електронско плаќање на 961 динар.
Додека цената на патарината Белград-Лесковац од 1.020 динари ќе чини на 1.163 динари, а за електронско плаќање 1.102 динари.
На делницата Белград-Параќин патарината наместо 580 динари ќе чини 661 динар, а доколку се плати електронски ќе чини 626 динари.
Белград-Димитровград поскапува од 1.310 на 1.493 динари, а за електронско плаќање 1.415 динари.
Според денешниот курс 1 евро = 117,35 динари, додека 100 денари = 191 динар.