Цените на нафтата денеска се во пораст, откако беше објавен извештај за падот на американските залихи на сирова нафта, кој беше поголем отколку што аналитичарите очекуваа.
Цената на барел сирова Брент нафта се зголеми за 52 центи на 45 долари и два центи, што е поскапување за 1,2%.
Барел сирова нафта во САД се продава за 42 долари и 1 цент, по поскапувањето од 49 центи.
Вчера барел нафта на светските берзи се тргуваше поевтино за околу 1%.
Американскиот институт за горива вчера соопшти дека залихите на сирова нафта во САД се намалиле за 4 милиони барели минатата недела, додека аналитичарите очекуваа пад за околу 2,9 милиони барели.