Немате повеќе идеја што да зготвите за ручек? Испробајте го овој едноставен рецепт за крем супа од тиквички. Се подготвува брзо и лесно.
Потребни се:
900 гр. тиквички, исецкани на парчиња
1,2 литри вода
Сол и бибер
Две чешниња лук, ситно исецкани
Две лажички маслиново масло
Кубети
1 лажица сува мајчина душичка
Начин на подготовка:
Исецканите тиквички ставете ги во длабок сад, полијте со вода, додајте сол и бибер по вкус. Откако ќе зоврие, оставете да се динстува околу дваесетина минути, до половина час, додека тиквичките да омекнат.
Во меѓувреме, пропржете го лукот со мајчината душичка на маслиново масло. Кога тиквичките ќе бидат готови, ставете ги во блендер, додајте маслиново масло со лук и мајчина душичка и блендирајте додека не добиете изедначена, кремаста текстура. Супата може да ја служите топла или ладна, заедно со кубетите.