Посни плескавици од тиквички и модар патлиџан

Посните плескавици од тиквички и модар патлиџан се пржат на масло и се подготвуваат исто како оние од месо.

Плескавиците од тиквички и модар патлиџан се зачинети и по пржењето нема ни да забележите дека се вегетаријански. Одличен избор на оброк доколку постите на масло.

Потребни состојки:
  • 1 голем модар патлиџан
  • 3 чешниња лук
  • 2 средни тиквички
  • 180 гр лебни трошки
  • 100 гр ленено семе
  • 1+ лажица масло
Подготовка:

Модриот патлиџан исечкајте го на коцки, обилно посолете го и оставете го во цедалка 20-30 минути за да се ослободи водата. Исушете со хартиена крпа. Во меѓувреме, тиквичките крупно изрендајте ги и ставете ги во чиста кујска крпа, завиткајте ги и притиснете за да ја исцедите водата.

Загрејте една лажица масло во голема тава на средна топлина. Додадете ги модриот патлиџан и ситно сечканиот лук и пржете додека не омекнат, вкупно околу 10 минути. Испржениот модар патлиџан додадете го во поголем сад со исцедените тиквички, лебните трошки и лененото семе кое сте го сомлеле и натопиле во вода. Изгмечете сè заедно со гмечалка за компири. Од смесата направете плескавици.

Исчистете ја тавата и истурете доволно масло. Поставете на средно-висока температура. Додадете ги посните плескавици и нежно притиснете со задниот дел на шпатулата за малку да се израмнат. Пржете околу 5 минути по страна. Послужете и уживајте.

реклама

Рецепти

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Read more

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Read more

Колку точно пченица се готви по лице? Точни количини за мали и големи слави

Read more

Појадок за оние кои секогаш брзаат наутро

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе