На улицата „Никола Карев“ во населбата Пролет, на постоечките семафори кај Транспортен центар, деновиве беа поставени нови лантерни наменети за велосипедистите.
Вакви семафори за велосипеди до сега беа поставени и долж ул. „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров како и на бул. „Свети Климент Охридски“ во Центар, а наскоро ќе бидат поставени на уште неколку локации низ гравниот град.
„Град Скопје, во континуитет работи на комплетирање на уличната инфраструктура за зголемување на сообраќајната безбедност на велосипедистите, па оттука покрај формирање на велосипедските патеки и поставување на ваква вертикална сигнализација“, велат од Град Скопје.