Потпишан договор за изградба на првите два километра од автопатот Скопје-Блаце

Договор за изградба на првите два километра од автопатската делница Скопје - Блаце денеска во Владата потпишаа директорот на ЈП за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов и генералниот директор на изведувачот на работите А.Д. „Гранит“, Зоран Милковски. Согласно договорот делот од автопатот од граничниот премин Блаце до клучката Блаце во вредност од 12,2 милиона евра што се обезбедени од буџетот на ЈПДП, треба да се реализира во наредните 18 месеци, а надзор на работата ќе врши Градежниот институт на Македонија (ГИМ).

Автопатот ќе биде со две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти за возење со широчина од по 3,5 метри и по една лента за застанување широка 2,5 метри. Вкупната проектирана ширина на автопатот ќе изнесува околу 27,5 метри. На делницата се предвидени две клучки кај Блаце и Стенковец.

Паралелно со изградбата на првиот дел од делницата, ќе тече и препроектирањето на вториот дел од автопатот од клучката Блаце до клучката Стенковец во вкупна должина од 10,5 километри. За негова реализација Владата веќе обезбеди грант од 27 милиони евра од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, а се очекува и формализирање на заемот од Европската банка за обнова и развој од околу 70 милиони евра со што целосно ќе се затвори финансиската конструкција за изградба на втората фаза.

Идејното решение за препроектирање на вториот дел од автопатот е во тек, а се очекува за 12 месеци да биде одобрен и проектот што го изработува конзорциум предводен од американската компанија Hill International, која го изработи и проектот за првиот дел од автопатот.

– Може да звучи дека се малку два километра, но изградба на автопат на таков географски терен во отсуство на каков било претходен подготвителен проект значеше ангажман на многу институции. Од денеска нема враќање назад почнува проект кој нема да заврши додека не биде целосно функционален. Цел ми беше додека сум јас координатор на проектот да почне изградбата на автопатот и тоа се случи. Потпишан е договорот за почеток на изградба, проектот добива форма и е ставен во иреверзибилна фаза, односно на лента од која никој не може да излезе без разлика на политичката волја понатаму. Наскоро од Скопје до Приштина ќе се патува за помалку од еден час, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи пред потпишувањето на договорот.

Тој оцени дека е добра стратешка одлука што автопатот ќе се гради во две фази од кои првата ќе се реализира со средства од буџетот на ЈПДП, а втората со грант и кредит. Пред крајот на реализацијата на првиот дел, додаде, веќе ќе бидеме подготвени за почеток на градба на вториот дел. Тој нагласи дека во петок ќе оди во Блаце да се сретне со сопствениците на 68-те парцели што треба да се експроприраат за изградба на првиот дел од автопатот.

– Бирото за судски вештачења веќе направи проценка на вредноста на парцелите и очекувам до подобрувањето на временската ситуација да се најде решение и да заврши процесот на експропријација. Во секој случај станува збор за проект од државен интерес поради што не може да се стопира градбата, единствено сопствениците на парцелите може да ја обжалат понудената цена во суд, но тоа нѐ не спречува да продолжиме со градбата, рече Османи.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески порача дека беше неопходно препроектирање на трасата на автопатската делница, која е дел од рутата 6 и е многу важна за проширување на европските патни мережи, за, како што рече, да се избегнат проблеми со експропријација на земјиштето што ги имаше во провичниот проект и да нема проблеми какви што имаше на дел од трасите на автопатиштата Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип.

– Овој преокт е од огромно значење заради подобрување на економските врски со Косово и зголемување на билатералната економска соработка. Косово е наш значаен трговски прартнер со кој минатата година бележиме зголемување на трговската рамена од 30-тина проценти. Изградбата на автопатската делница ќе даде дополнителен импут во зголемување на трговските релации во иднина, рече Сугарески.

Директорот на ЈПДП Китанов посочи дека добар проект значи и брза градба и нагласи дека очекува првиот дел од автопатот да биде завршен пред крајниот рок. Најави дека пролетва ќе биде рехабилитран постојниот пат кој ќе служи како алтернативен по изградбата на автопатот.

– По успешно спроведената постапка за јавни набавки од пристигнатите понуди како најповолен економски оператор кој ќе ги изведе градежните работи е избрана компанијата „Гранит“. Вредноста на договорот е 747.239.717 денари без ДДВ или околу 12,2 милиони евра. Работите треба да завршат во рок од 18 месеци од воведување во работа. Тоа значи дека градежните работи ќе започнат оваа пролет, а првите километри ќе можеме да ги возиме во летото 2021 година, рече Китанов.

Тој посочи дека финансирањето на првите два килотметра е целосно од буџетот на ЈПДП.

Активностите за изградба на автопатот почнаа на 20 март 2018 година, кога со одлука на Владата беше формирана министерска работна група, а како координатор за реализација на проектот беше назначен вицепремиерот Османи.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе