Lada го најави потполно новиот компактен теренец Niva во текот на Саемот за автомобили во Москва, а сега најавија дека продукцискиот модел ќе дебитира во 2024 година, шест години по премиерата на концептот.
Русите веруваат дека новата Niva ќе им помогне да се прошират и на пазарите надвор од Русија.
Руската компанија објави една скица од Niva која ќе биде еден од четирите нови модели кои се планирани во периодот до 2025 година.
Lada ќе ја продолжи својата трансформација за да стане конкурентен произведувач на автомобили на пазарот, а исто така ќе ја зајакне и соработката со Dacia.
Скицата наговестува моќен теренец и дизајн инспириран од оригиналната Niva која се појави во 1977 година.
Новата Niva ќе биде наследник на освежениот модел Niva Travel. Теренецот кој се појави во 70-тите беше познат како Niva, а сега се продава под називот Niva Legend и е попрактичен и фокусиран на off-road.
Oсвен новата Niva, Lada за 2025 година подготвува и нов SUV за Ц сегментот.