ОН: Потребна е итна акција во борбата против недостигот на вода за пиење

Светската заедница мора да преземе итна акција во борбата против глобалниот недостиг на вода за пиење, предупреди вчера генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на крајот од конференцијата за вода на ОН.

„Сите надежи на човештвото за иднината на некој начин зависат од трасирање на нова насока, заснована на науката“, рече Гутереш на последниот ден од тридневната конференција во Њујорк.

„Тие зависат од спроведувањето на инклузивните и акционо ориентирани заложби што земјите-членки и другите ги презедоа на оваа конференција“, додаде шефот на ОН.

ОН во пресрет на конференцијата: Светот се соочува со глобална криза за вода

Во текот на изминатите два дена, земјите-членки, невладините организации и претставниците на бизнисот договорија различни необврзувачки мерки за борба против глобалниот недостиг на вода за пиење, на состанокот организиран од Холандија и Таџикистан.

Конференцијата на ОН за вода, која започна во средата, беше првиот голем настан на ОН кој целосно се фокусираше на политиката за вода од 1977 година. Во пресрет на конференцијата, ОН се огласија со аларм, предупредувајќи дека светот се соочува со „глобална криза за вода“ поради растот на населението, социо-економскиот развој и промените во моделите на потрошувачка.

На глобално ниво, 2 милијарди луѓе немаат доволно здрава вода за пиење, а 3,6 милијарди немаат пристап до безбедни санитарни објекти, се вели во извештајот на УНЕСКО објавен пред конференцијата. Глобалното урбано население кое се соочува со недостиг на вода се предвидува потенцијално да се удвои, од 930 милиони во 2016 година на меѓу 1,7 и 2,4 милијарди луѓе во 2050 година.

Употребата на водата во производството на храна и земјоделството како проблем

Изнесувајќи ги своите завршни зборови вчера, Гутереш ја истакна критичната важност од развивање на „нови, алтернативни системи за храна за да се намали неодржливата употреба на вода во производството на храна и земјоделството“. Глобалниот пристап кон водата треба да се интегрира со оние поврзани со екосистемите и климата за да се намалат емисиите на стакленички гасови, рече шефот на ОН.

Ова значи создавање отпорна инфраструктура, планови за снабдување со вода и третман на отпадни води, како и „обезбедување дека секој човек во светот е заштитен со системи за рано предупредување од природни катастрофи до 2027 година“, посочи генералниот секретар на ОН.

Климатските проблеми и економските тешкотии поврзани со загадувањето го отежнуваат снабдувањето со вода за пиење, се наведува во Светскиот извештај за води, кој беше објавен пред конференцијата. Се проценува дека десет проценти од светското население живее во земји со висок или критичен ризик од недостиг на вода.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе