Поволно, ама бајаги возено

Ова е најверојатно најевтиното, ама и највозено Lamborghini Huracan во светот.

Сопствениците на суперавтомобили ретко поминуваат огромна километража, но овој е исклучок.

Егзотичните суперспортски автомобили најчесто дремат во гаража и сопствениците ги возат за викенди или во посебни прилики. Сепак, секогаш постојат исклучоци, а ова е еден од нив.

Ова Lamborghini Huracan LP610-4 од 2015 година има 5.0-литарски V10 атмосферски мотор со 610 коњски сили и од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,2 секунди. Развива максимална брзина од 325 км/ч.

Во текот на пет години веројатно има поминато повеќе километри отколку што поминуваат десет слични модели за десет години. Поточно, има поминато 305.000 километри! Толку имаат половен Passat или Audi A4 увезени од Германија.

Се смета дека ова е Lamborghini Huracan со најмногу поминати километри во светот, а токму така и го рекламира тој што го продава на eBay.

Според податоците од огласот, автомобилот го продава оригиналниот сопственик кој го регистрирал на 29 септември, 2015 година и тврди дека од сервисни интервенции во овие пет години биле потребни само замена на маслото и редовно одржување. Во прилог е објавена и документација од сервис.

Сепак, се поставува прашањето: Кој е тој сопственик на Lamborghini кој поминувал во просек 60.000 километри годишно со суперавтомобилот?

Одговорот е: рент-а-кар агенција. Royalty Exotic Cars од Лас Вегас се занимава со изнајмување и продажба на егзотични автомобили. На нивната веб-страница овој Huracan уште се нуди за изнајмување.

Цената е 130.000 долари, што е половина од цената на новo Huracan EVO во САД. Меѓутоа, може да се најдат примероци со 80.000 поминати километри за само 10.000 долари повеќе.

Тагови
реклама

Излекуваните од COVID-19 може да имаат трајни оштетувања на мозокот

Read more

Дали сте доволно фит за ФБИ? Овој тест ќе ви го даде одговорот

Read more

Луѓето кои се негативни на COVID-19 тестот можеби имаат некаков имунитет

Read more

Секси лето: Убавици во бикини

Read more

Авто новости

Луксуз и комфор: Bentley го претстави освежениот Bentayga

Read more

Volkswagen го освежи својот најпродаван SUV

Read more

Откажан Саемот за автомобили во Женева за 2021 година

Read more

Audi го претстави освежениот модел Q5 SUV

Read more

Автомобили

  • filter

Луксуз и комфор: Bentley го претстави освежениот Bentayga

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen го освежи својот најпродаван SUV

Читај повеќе

Откажан Саемот за автомобили во Женева за 2021 година

Читај повеќе
  • filter

Audi го претстави освежениот модел Q5 SUV

Читај повеќе
  • filter

Произведен последниот Bentley Mulsanne

Читај повеќе
  • filter

Поглед во тјунираниот Audi A6 Allroad

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Светска премиера на Opel Mokka-e

Читај повеќе

Добредојдовте во новата ŠKODA Octavia

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen го претстави освежениот Arteon

Читај повеќе