Повторно поништено одобрението за градење на т.н. „Шпански скали“

Градоначалникот на скопската Општина Центар, постапувајќи во повторна постапка, донесе решение со кое се огласува за ништовно Одобрението за градење на објект со намена за комерцијални и деловни намени, од втора категорија, на улица „11-ти Октомври“ ББ во Скопје, КП бр.12069/6 и 13825/12, КО Центар 1, на инвеститорот ДТПУ „АМАДЕУС ДЕВЕЛОПМЕНТ” ДООЕЛ - Скопје.

Со ова, соопшти денеска Општина Центар, повторно се поништува одобрението за градење на инвеститорот во однос на градењето на таканаречените „Шпански скали“, кои требаа да никнат на просторот кој се наоѓа на плоштадот Македонија.

Во донесеното решение е наведено дека инвеститорот не пријавил отпочнување на градба, согласно член 67 од Законот за градење, ниту пак отпочнал со градба во рок подолг од две години од правосилноста на одобрението, согласно член 66 став 1 од Законот за градење, според кој одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно.

– Првично, Градоначалникот на Општина Центар - Скопје на 09.02.2018 година донесе Решение со кое се огласува за ништовно Одобрението за градење на објект со намена - комерцијални и деловни намени, од втора категорија, на ул.11-ти Октомври ББ во Скопје, КП бр.12069/6 и 13825/12, КО Центар 1, на инвеститорот ДТПУ “АМАДЕУС ДЕВЕЛОПМЕНТ” ДООЕЛ - Скопје, на кое инвеститорот поднесе жалба до второстепениот орган, а подоцна поведе и управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија, се појаснува во соопштението од Општина Центар.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе