Повторно протести во Франција против здравствениот пасош и вакцинацијата

МИА/КАЈГАНА
/ 24.07.2021 / 16:34

По првата национална мобилизација на 17 јули, денеска во Париз и во многу други француски градови се одржуваат нови демонстрации против продолжување на здравствениот пасош и задолжителна вакцинација против COVID-19 за одредени професии, јави дописникот на МИА.

Според проценки на властите, низ цела земја се очекуваат речиси 110.000 демонстранти. Овие демонстрации доаѓаат во моментот кога мнозинството Французи (76 отсто) ја одобруваат одлуката на претседателот Макрон да ја направи вакцинацијата задолжителна за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии во контакт со луѓе, предвидувајќи казни за оние кои нема да ги почитуваат мерките.

Текстот на законот за проширување на употребата на здравствениот пасош денеска се разгледува во Сенатот. Сенаторите ги разгледуваат амандманите, откако вчера го дадоа првото зелено светло на комисија за нацрт-законот против Ковид, кој предвидува обврска за вакцинација за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии и контроверзното проширување на здравствениот пасош, што сенаторите го поврзуваат со воспоставување на вонредна здравствена состојба.

Шефот на сенаторите од редовите на опозициската Републиканци се заканува дека ќе го попречи парламентарниот рок за усвојување на законот.

-Ако пратениците сакаат да ја почнат работата на Сенатот, рече Бруно Реталео, десницата ќе ја саботира средбата меѓу пратениците и сенаторите закажана за во недела за да се финализира конечниот текст. 

Градоначалникот на Ница ја повлече од своја страна одлуката за задолжителниот здравствен пасош во центрите за одмор и рекреација за децата во градот. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе